Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршува договорот на Ванхауте со Европската Комисија

Завршува договорот на Ванхауте со Европската Комисија

Белгискиот посредник,  Питер Ванхауте нема веќе да биде пратеник на Европската Комисија.

Ова го соопштија за Алсат М од канцеларијата за информирање на ЕК. Портпаролката Маја Коцијанчиќ, изјави дека договорот меѓу Комисијата и Питер Ванауте е при крај и дека тој нема да работи како експерт финансиран од ЕУ. По неуспехот на преговорите за медиумите, Ванхауте најави враќање на стариот формат на преговори, што наиде на отпор од владејачката ВМРО – ДПМНЕ која одби да се врати на маса со белгискиот експерт. Претходно Ванхауте изјавуваше дека  ќе остане во државата како слободен консултант, надвор од ангажманот  на ЕК,  како приватен експерт.
Слично

Поврзани вести