Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршните сметки ќе се поднесуваат електронски

Завршните сметки ќе се поднесуваат електронски
Централниот регистар го промовираше новиот систем за електронско поднесување на годишните сметки. Ќе стартува со поднесувањето на годишните сметки за изминатата 2013-та година, за кое крајниот рок е продолжен до 15-ти март годинава. Најпрвин системот ќе го испробаат околу 1.000 големи и средни претпријатија, за кои електронското пријавување на годишните сметки од годинава е задолжително. Малите фирми се уште ќе можат да го користат хартиениот модел, но сметката ќе мора да ја поднесат најдоцна до 28 февруари. „Со надградба на системот ќе се овозможи полесно и поедноставно поднесување на годишните сметки, поднесувањето ќе може да го врши само сметководителот што не беше случај досега, а ќе може и групно да се плаќаат повеќе сметките во исто време. На овој начин ќе можат да се поднесуваат годишните сметки за 2013 година“, објасни директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски. Со воведување на овој електронски систем ќе се подобри бизнис климата и ќе им се овозможи на фирмите на полесен начин да ги реализираат своите обврски, смета премиерот Никола Груевски. „Успеавме да докажеме дека се надминува уште една бирократска бариера и трошење време на шалтери. Заштедата на времето и средствата за фирмите ќе се обезбеди преку електронското поврзување“, истакна Груевски.
Слично

Поврзани вести