Завршија протестите во Скопје, се протестираше во уште пет градови
Здружението „Протестирам“ ги заврши протестите вечерва пред Владата.
Нивен приоритет е да се повлечат одлуките за аболиција што ги донесе претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Демонстрантите бараат негова оставка и одложување на изборите на 5 јуни, додека не бидат исполнети сите услови како што е предвидено во извештајот на Прибе. Протестите поминаа во мирна атмосфера.
Граѓанското движење „Протестирам“ одржа протести и во Струмица, Велес, Прилеп, Куманово и Охрид.
Слично
