Завршија протестите на стечајците, побараа повисока државна помош за сите
Стечајците од Здружението „УНИТ“ денеска протестираа во Скопје - пред зградата на МРТВ, пред Сојузот на синдикати на Македонија и пред Владата. Со пароли „Ни го зедовте лебот!“, македонски и европски знамиња околу 200 стечајни работници побараа одново да се менува Законот со кој се предвидува месечен паричен надомест за оваа категорија граѓани.
Велат дека на протест ги испровоцирала и економската изборна програма на владејачката партија, во која се ветуваат повеќе мерки, меѓу кои и простување на долговите за најсиромашните граѓани.
Бараат законот да важи за сите стечајци, а не само за дел од одредени државни претпријатија кои отишле во стечај. Од Владата засега нема реакција ниту на барањата, ниту на обвинувањата од стечајците.
Денешните протести беа поддржани од движењето за социјална правда „Ленка“ и од граѓанското здружение „Солидарност“.
Слично
