Завршија протестите на „Протестирам“ во Скопје
Со цртање на графити пред Град Скопје заврши протестот на здружението „Протестирам“.
Вечерва немаше инциденти. Протестот осми по ред, во 18 часот почна пред Специјалното јавно обвинителство, продолжи кон Собранието, а од плоштадот демонстрантите се упатија кон Владата и кон Град Скопје. Со боја беше обоен споменикот на Прометеј во Жена парк, Порта Македонија и бараките на Град Скопје. Протести против одлуките за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, барања за негова оставка и одложување на изборите имаше и во Струмица, Кочани, Прилеп, Охрид и Кавадарци.
Протести ќе има и наредните денови и во другите градови, не само во Скопје.
Слично
