Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршија протестите на граѓаните кои протестираа за случајот „Монструм“

Завршија протестите на граѓаните кои протестираа за случајот „Монструм“

Завршија протестите кои попладнево беа организирани од група револтирани граѓани кои протестираа пред изрекувањето на пресудите во случајот „Монструм“.

На протестот имаше околу стотици граѓани кои тргнаа од Јаја Паша џамијата во скопски Чаир продолжувајќи низ скопските улици и завршија близу новата зграда на Државното јавно обвинителство каде што беа пречекани од полициското засилување. 

Имено, протестот се организира  во пресрет на изрекување на судската одлука за случајот, што е закажано за 18 овој месец.

Судскиот процес за „Монструм“ се наоѓа пред самата завршница. Сега останува само уште да се донесе и изрече пресудата. Двајцата првообвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во косовски затвор. Постапката за нивна екстрадиција е во тек.

Слично

Поврзани вести