Заврши третата лидерска средба со закажување на нови разговори
Заврши третата лидерска средба лидерите на политичките партии, на која беше договорено одржувањето на нова средба.
Денеска по завршувањето на првиот дел од разговорите било јасно дека утре ќе бидат пуштени нови аудио докази за криминалните и активности на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ од лидерот на опозицијата на СДСМ, Зоран Заев. Овој пат „бомбата“ ќе биде пласирана од пред владата.
Според извори во раководството на СДСМ утре ќе продолжи објавувањето на телефонските разговори од проектот на партијата „Вистината за Македонија“. Заев вети дека ќе ги објави сите аудио материјали со кои располага, независно од процесот на преговорите за решавање на политичката криза.
Необјавените до сега разговори се однесуваат на настани поврзани со затворањето на А1 телевизија, убиството кај Смилковското езеро и други.
Пред почетокот на објавување на откритијата Заев изјави дека се подготвени 102 објави, односно „Бомби“ со докази за злосторства и злоупотреба на извршната власт, како до сега се објавени 33 така наречени „бомби“. Дали ќе бидат објавени сите материјали зависи од тоа како се одвиваат настаните во земјата, соопштуваат од партијата.
Партиските претставници ги информирале двајцата амбасадори на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли за заклучоците од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев во Стразбур. Орав и Бејли се набљудувачи на лидерската средба.
Третата лидерска средба е нов обид да се најде решение за политичката криза во Македонија.
Првите две средби завршија без успех. Од СДСМ инсистираат да има договор за преодна влада и гаранции дека тоа ќе се почитува. Од таму сметаат дека од преодната влада треба да се „отстранат целосна контрола над државните институции од страна на режимот на Груевски, да се отстрани јавниот обвинител и да се исчистат избирачките списоци, за да нема фалсификување на гласови“.
