Заврши протестот пред Влада, се бараат фер избори
Демонстрантите протестот вечерва го завршија пред Владата и порачаа дека нема да прифатат избори се додека не прекинат изборните манипулации.
Тие бараат целосно прочистен Избирачки список и исполнување на сите услови за фер и демократски избори. На зградата каде се наоѓа ДИК, граѓаните со бои напишаа „Шарен е крајот“, „Револуцијата е шарена“.
Протести имаше и во Куманово, Штип, Прилеп, Крива Паланка, Велес, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и Гевгелија.
Слично
