Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА НА СРБИНОТ КОЈ БЕШЕ НАЈДЕН ЗАКЛАН НА БРОД ПОЛН СО ДРОГА - еве какви ужасни детали за неговата смрт се откриени

ЗАВРШИ ОБДУКЦИЈАТА НА СРБИНОТ КОЈ БЕШЕ НАЈДЕН ЗАКЛАН НА БРОД ПОЛН СО ДРОГА - еве какви ужасни детали за неговата смрт се откриени

Италијанските медиуми јавуваат дека е завршена обдукцијата на Србинот Дараган Паниќ (51) од Омољица кај Панчево, кој беше пронајден мртов на брод на кој претходно беше запленет речиси половина тон кокаин.

„Инспекторите на мобилниот тим ја завршија првата фаза од истрагата за смртта на српскиот морнар, кој утрото по заплената на дрогата беше фатен со расекотина на грлото. По испрашувањето на екипажот, обдукцијата утврдила дека Србинот извршил самоубиство. Според обдукцискиот извештај, тој земал антидепресиви“, пишуваат италијанските медиуми.

Исто така, тамошните медиуми наведуваат дека за товар вреден 30 милиони евра се уапсени две лица обвинети за кривично дело меѓународен шверц на дрога.

„Во овој прв дел од истрагата, истражителите пронајдоа фотографии и снимки од запленетата дрога во телефонот на еден од осомничените. Се сомнева дека уапсениот документирал се за да му покаже на работодавецот или на газдата дека кокаинот пристигнал на дестинацијата“, јавуваат медиумите.

Инаку, семејството и пријателите на Драган Паниќ се убедени дека се работи за убиство и дека тој „видел нешто што не смеел“.

Да потсетиме, 450 килограми кокаин со висока чистота биле скриени во товарен брод кој ноќта меѓу неделата и понеделникот дошол од Бразил во италијанското пристаниште Џенова. Инспекторите го следеле бродот за сомнителен товар, а освен наркотици пронашле и труп на морнар.

„Пронајден е Србин со длабока рана на грлото, нанесена со остар предмет, за кој постои сомневање дека е брич. Бричот не е пронајден покрај телото, а обдукцијата ќе покаже дали сам си го пресекол грлото или бил убиен“, пишуваат тамошните медиуми, а пренесува Курир.

Колегите на Србинот рекле дека тој замавнувал со нож на палубата и се самоубил.

Извор: Српски медиуми

Фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести