Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ КУРТОАЗНОСТА НА БРИСЕЛ: Заев притиснат, воспитна за Груевски!

ЗАВРШИ КУРТОАЗНОСТА НА БРИСЕЛ: Заев притиснат, воспитна за Груевски!
Аналитичарите сметаат дека извештајот на ЕК е директен шамар за власта и не случајно доаѓа ден пред продолжување на преговорите Груевски – Заев. Тој е вовед во отстапките што на преговарачката маса ќе треба да ги направи премиерот Груевски, што ќе биде проследено со соодветна конструктивност од страна на лидерот на опозицијата Заев. Резултатот треба да биде - еднакво незаодоволни! Дали Европскиот извештај, работен по нарачка на Европската комисија може да биде пресвртна точка на македонската политичка сцена? Многумина веруваат дека извештајот е невиден преседан во дипломатијата, бидејќи сосема недипломатски, а прецизно и јасно ги наведува клучните слабости во владеењето на Груевски. Без многу дипломатска куртоазност, во извештајот се наведуваат дузина квалификации после кои секој оној што и малку е вклучен во процесите на одлучување во земјава, би се срамел од напишаното. Тешки злоупотреби на институциите и корумпирани високи државни функционери е генералниот заклучок ако се прочита извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија за да ги истражи состојбите по објавувањето на снимените разговори од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев. Извештајот беше финализиран вчера. Во главните поенти на извештајот се наведуваат клучните области, болни точки на македонската политичка сцена. Се наведува дека „УБК изгледа работело надвор од своите овластувања во полза на Владата за да ги контролира највисоките претставници на јавната администрација, обвинители, судии и политички опоненти со консеквентно мешање во независноста на судството и други институции“ пишува во Извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија, откри НОВА ТВ. Извештајот е полн со забелешки за состојбата со независноста на судството, проблемот со слободата на медиумите и злоупотреби при изборите. На 20 страници експертите што ги ангажираше Европската комисија пишуваат за сите слабости на Македонија во пет области: судство, народен правобранител, избори, медиуми и за првпат го анализираат работењето на Управата за безбедност и контраразузнавање. Дипломатски извори за Телма, велат дека во документот пишува и дека „скандалот со прислушувањето откри енормно прекршување на основните права, меѓу кои: правото да се учествува во јавниот живот и да се гласа, како и правото на приватност, заштитата на личните податоци и правото на независно и непристрасно судење“. За опозицијата се повторува апелот да се врати во Собранието. Аналитичарите сметаат дека извештајот на ЕК е директен шамар за власта и не случајно доаѓа ден пред продолжување на преговорите Груевски – Заев. Тој е вовед во отстапките што на преговарачката маса ќе треба да ги направи премиерот Груевски, што ќе биде проследено со соодветна конструктивност и од страна на лидерот на опозицијата Заев. Откако во Брисел минатата недела, Заев беше посредно обвинет за неконструктивност, со што се изврши своевиден притисок врз него, дипломатите очигледно сега се обидуваат да извршат притисок и врз Груевски. Целта е преговарачкиот процес да резултира со договор за преодна Влада, иако во овој момент шансите за нешто такво се оценуваат како минимални. Дали и што во таа насока ќе придонесе извештајот на ЕК останува да се види, иако со оглед на острината во речникот не е многу тешко да се заклучи дека следните неколку денови европјаните очекуваат потег на попуштање токму од премиерот Груевски. Р.Ф.  
Слично

Поврзани вести