Заврши изградбата на мини хидроцентралата на Тресонечка река
Инвестицијата на компанијата „Хидроенерџи груп“, изградбата на мини хидроелектричната централа на Тресонечка река во Општина Маврово Ростуше, вредна 2,1 милиони евра заврши, информира денеска министерот за економија, Ваљон Сараќини кој беше на лице место.
- За изградбата на хидроцентралата, со инсталиран капацитет од 1,8 MW, се испочитувани сите рокови предвидени со договорот и веќе се реализираат првите вработувања, 25 за градежните работи и други вработени за одржување, изјави министерот Сарачини.
Според него, во изградба се уште 15 мали хидроелектрични централи со инсталиран капацитет од 16 MW и очекувана инвестиција од 27 милиони евра. Половината од нив се очекува да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година, што, посочи, ќе значи и поголема енергетска стабилност на земјата.
- Ова е добар пример за инвестиција во делот на искористување на водните ресурси, со кои нашата општина изобилува. Би сакал да апелирам до Mинистерството за економија да се фокусира на искористувањето на водните ресури во нашата општина што е придобивка за локалното население во однос на нивното вработување - рече градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мехмеди.
Мала хидроелектрична централа, информира, се гради и на Галичка река.
Слично
