Заврши идентификацијата на загинатите кај Кожле
Заврши идентификацијата на загинатите во авионската несреќа која деновиве се случи кај село Кожле.
Од Институтот за судска медицина потврдија дека се работи за лицата чии идентитет веќе беше објавен. Земен е ДНК материјал од роднините кој бил спореден со жртвите, затоа што телата имале многу механички повреди од падот на авионот. Претходната вечер, судска медицина ја заврши и обдукцијата на починатите во авионската несреќа кај Кожле, со што нивната работа е завршена, документите се предадени на семејствата, а резултатите на Обвинителството. Во процедура е подготвувањето за транспортот на телата на загинатите.
Кај Кожле во авионската несреќа загинаа пет италијански и еден косовски државјанин.
За случајот истрага освен во Македонија е отворена и во Италија.
Слично
