Заврши грчкото претседателство со ЕУ – Атина ја чинеше помалку отколку што планираше
Од утре Италија официјално го презема кормилото со Европската унија. Денеска заврши шестмесечното претседателство на Грција со Европскиот совет.
Според пресметките, официјална Атина изгледа научила да штеди, па наместо планираните 50 милиони евра, потрошила само 19 милиони. Бројките ги објави грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој истакна дека буџетот за претседателствувањето уште на почетокот бил мал во споредба со буџетите на другите земји, кои потрошиле над 50 милиони евра.
Венизелос посочи дека средствата кои останале ќе се вратат во грчкото Министерство за финансии. Шефот на грчката дипломатија петтото претседателствување на Грција со ЕУ го оцени како успешно.
Како претседавач со ЕУ, Венизелос ја посети и Македонија, што беше прва посета на грчки министер за надворешни работи по една деценија.
Слично
