Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши гласањето во првиот круг од претседателските избори

Заврши гласањето во првиот круг од претседателските избори
Гласачките места низ Македонија се затворени. Точно во 19:00 часот заврши гласањето во првиот круг од петтите по ред претседателски избори. Со ова и официјално заврши и изборниот молк, а резултатите започнаа да се сумираат. Право на глас имаа 1.779.572 избирачи, а според последните податоци од ДИК, до 17 часот гласачкото право го оствариле над 40% од нив. Граѓаните избираа меѓу четворица кандидати: Ѓорге Иванов од ВМРО ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на првиот круг од изборите односно денеска освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена, на 27 април, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку никој не го исполни овој услов, целата постапка се повторува од почеток. Фото: МИА
Слично

Поврзани вести