Заврши ерата на експериментални глувци!
Бојкотот на наставата официјално се сели пред Министерството за образование и наука. Од Средношколскиот пленум велат дека се зголемува бројот на ученици кои сакаат да бидат под шатори- пред очите на надлежните како потсетник и како потврда за како што велат, нивната одлучност докрај да се изборат за поквалитетно образование за сите генерации. Оттаму велат дека сепак учениците се тие кои ќе одлучат дали ќе дојдат во кампот или ќе останат во училишните холови каде што веќе петта недела се бојкотира наставата. Денеска попладне тие повторно излегуваат на улица.
“Денеска го реализираме вториот ден од протестот. Ова е четвртти протест по трите последователни протестни марша кои беа организирани последниве месеци. Ние неколку пати потенциравме, ќе порачаме уште еднаш дека нема да отстапиме од нашите барања. Тоа што и по пет неделен бојкот на наставата и две недели откако ги поставивме шаторите пред ресорното министерство покажува дека нема компромис меѓу двете страни, туку еднострано терање на инает. Од надлежните зависи дали и кога ќе си ја признаат грешката и сериозно ќе се зафатат со разгледување на нашите аргументирани барања поткрепени со анализи и решенија”-велат од Средношколскиот пленум.
Експериментални глувци
Средношколците кои ги оставија униформите пред Министерството порачаа дека одбиваат да бидат експериментални глувци на министри “НЕСПОСОБНИ” да си ја вршат својата работа.
Матурантите и учениците од пониските класови не ги предомислува ни краткиот временски рок до полагањето на државната матура ниту законската регулатива која предвидува парични глоби за нивните родители доколку тие во континуитет од 25 работни дена не посетуваат редовна настава поради задолжителното средно образование.
“Доколку во континуитет не се посетува настава според законот за средно образование може да се изгуби статусот на редовен ученик и да има казна за родителите. Искрено се надеваме дека нема да дојде до ова, последниот рок е следната недела. Ние не сакаме да губиме настава, ниту пак нашата намера е да отсуствуваме од часови. Нашата борба е чиста, неполитизирана и аргументирана. Лошите образовни реформи и последиците од нив се мотив за незадоволство кај средношколците. Токму затоа матурантите останаа во ова докрај со своите соученици” -вели Моника Пешевска од Средношколскиот пленум.
Таа и нејзините другари од класот се подготвуваат за полагањето на државната матура. Првиот предмет кој ќе го полагаат е мајчин јазик и е закажан за 11 јуни. Веднаш потоа следуваат странски јазик и изборен предмет кој оваа година ќе се полага по стариот концепт. За следната генарација е предвидена задолжителна математика.
“Учиме во шаторите, имаме четири обемни предмети за кои треба сериозна подготовка, состојбата е таква и мораме да се навикнеме. Минатата недела имавме и алтернативни предавања од неколку професори. Планираме интензивирање на овој начин на настава доколку и наредниве денови не се постигне реално прифатливо решение на проблемите. Нашата порака до надлежните е “реагирајте Вие - Ние можеме многу повеќе...!”-додава ученичката Пешевска.
Каде е радоста од матурските вечери
Според неа иако има уште десетина дена по прославувањето на матурската вечер во рестораните и хотелите низ градов, кај учениците скоро и да не се зборува на оваа тема. Па така наместо со овој свечен чин да го заокружат крајот на средното образование тие радоста вели ја замениле со грижа како да ги убедат надлежните да му дадат шанса на младиот човек да се избори за подобро образование и иднина во својата земја.
“Веќе следната недела ќе почнат прославите на матурската вечер но ние во кампот не зборуваме на ова тема.Во мојата гимназија Корчагин матурската прослава е закажана на 17-ти. Сега сме фокусирани како да го пребродиме проблемот на нереализираната комуникација со надлежните. Инсистираме на нова средба бидејќи мора да го чујат нашиот глас. Незадоволството е очигледно, не ја разбираме логиката да се глуми компромис и да се мижи пред реалните проблеми од кои нема никој корист. Манипулативен беше обидот да не замолчат, ниту пак донеле решение со потпишаните пријави. Денеска треба да стигнат во училиштата списоците од Државниот испитен центар за тестовите кои треба да се полагаат. Но ова е само да се запазат роковите. Се друго е неизвесност” -додава матурантката Моника Пешевска.
Средношколците се охрабрени од подршката на нивните родители и професори кои секојдневно во групи помагаат да се реализира бојкотот. Тие речиси и паралелно со нив се во паркот пред Министерството и на протестите во знак на подршка на нивните ставови. Професорите апелираат надлежните да ги слушнат мислењата на средношколците и да ги примат на средба на која би се нашле заеднички прифатливи решенија. Реформите според нив се многу повеќе од процесот на вреднување и дека подразбираат целосно ревидирање на наставните планови и програми, поквалитетна настава, подобри училишни услови за работа, подобри учебници, подобра поддршка во училишниот живот од наставни и стручни тимови, настава ослободена од стеги и стресови низ чести тестирања и уште многудруги работи кои ја чинат суштината на образовниот процес. Тој процес објаснуваат од Наставничкиот пленум, е и воспитен со човечка и хумана димензија на процесот на градење на луѓе подготвени за живот и работа во едно ново време.
Надлежните скриени
“Време е да ги примите учениците, да разберете и да се обидете да им ги олесните начините на вреднување на нивната работа, наместо тврдоглаво и суетно да се обидувате да докажете дека се млади, дека не знаат што бараат, дека се нелегитимни, дека не треба да очекуваат да бидат вклучени во она што се нарекува заедничко креирање на образовните политики. Време е она што декларативно во званичните документи на државата и министерставата стои како право на секој граѓанин да учествува во градењето стратегии за развој, конечно да се примени во пракса. Само на тој начин ќе можете да ја добиете довербата на учениците, наставниците, родителите – оние во чија служба се министерставата во кои моментално работите”-порачуваат од Наставничкиот пленум.
Надлежните од друга страна молчат. Сеуште е неизвесно дали и кога би се реализирала средба помеѓу двете засегнати страни. Во последните официјални изјави на министерот Абдилаќим Адеми и вицепремиерот Владимир Пешевски преговорите со учениците се завршени, а единствено заедничко решение е оваа генерација на матуранти да полага државна матура по стариот концепт- без задолжителна математика. Овој предлог дојде по средбата со Средношколската унија сокоја експресно беа донесени заклучоци за отстапки во секторот образование. Оваа одлука не беше профатена од Средношколскиот пленум бидејќи според нив државна матура по стариот концепт не е прифатливо решение доколку не важи за следните четири генерации. Во делот на екстерното тестирање каде најмноги се кршеа копјата, сеуште аргументите на учениците не се на дневен ред во агендата на надлежните кои за оваа владина реформа не остапуваат од намерите.

Слично