Заврши единаесетата шарена револуција
Вечерва против одлуката на претседателот Иванов да ги помилува политичарите осомничени во аферата прислушување се протестираше по 11 пат во главниот град.
Толпата со граѓани кои излегоа на протест тргна од пред канцелариите на СЈО, преку мостот Гоце Делчев со намера да стигне до Уставен суд.
Но полициските кордони и водени топови ги запреа демонстрантите кои се пренасочија пред Владата.
Револтот вечерва тие го истурија врз лавовите кои се поставени на мостот боејќи ги во разни бои .
Пред влада се извикуваше „Идризово за аболицираните“ и пееше „Затвор не ти бега Никола“. Поради дождот овој пат протестот заврши порано. Денеска поддршка за „Протестирам“ стигна и од иселениците во Лондон и во Виена, а протестите денеска паузираа во Струмица, Велес и во Прилеп.
