Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАВРШИ ДОГОВОРОТ СО ОКТА: Какви цени ќе имаат бензините во 5 до 12 ќе пресуди Пендаровски

ЗАВРШИ ДОГОВОРОТ СО ОКТА: Какви цени ќе имаат бензините во 5 до 12 ќе пресуди Пендаровски

Денес завршува договорот со ОКТА преку кој со утврдени правила се формираше цената на нафтените деривати на пазарот во земјава. До сега, цената на дериватите се формираше согласно одредби предвидени во Анексот Д од договорот со ОКТА, каде како фактор се земаше и производната цена.

Од денес практично, Регулаторната комисија ќе ја утврдува цената на нафтата и нафтените деривати по нови правила, кои веќе се утврдени во нова методологија. Сепак измените на Законот за енергетика, па и оваа методологија уште не се на сила, затоа што и покрај тоа што еднаш поминаа во Собрание, претседателот Ѓорѓе  Иванов не го потпиша указот.  Сега во Регулаторна се надеваат дека веднаш по стапувањето на функција свој потпис ќе стави новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, па нема да има меѓупериод во кој цената ќе се формира на либерализираниот пазар. Следнaта одлука за нова цена на бензините треба да се утврди на 13 мај, па сега изгледа малку веројатно методологијата да биде потпишана со оглед на тоа што Пендаровски стапува на функција на 12 мај. Сите опции се отворени. 

Инаку во новиот закон за енергетика донесен лани прашањето е регулирано со неколку членови меѓу кои членот 28 и членот 149.

Фактор веќе пишуваше за ова. Од нафтените компании кои дистрибуираат деривати во земјава, ја прашаа Регулаторната комисија за енергетика зошто законот првично не бил регулиран, па подоцна да се носат измени и зошто надлежните во последен момент ги правеа законските измени.

Бислимовски за Фактор тврдеше дека се работи секогаш на време, посебно на оваа проблематика работеле уште од ноември минатата година.

Повеќе на оваа тема прочитајте тука.

Слично

Поврзани вести