Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши анкетата: Читателите на „Фактор“ оценија која програма нуди реални ветувања

Заврши анкетата: Читателите на „Фактор“ оценија која програма нуди реални ветувања
Затворено е гласањето на анкетата на Фактор, на која од граѓаните побаравме да ги оценат ветувањата на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадени во нивните предизборни програми за претстојните парламентарни избори. За економската програма на ВМРО-ДПМНЕ 1.734 читатели гласале дека нуди реални ветувања, 541 сметаат дека се работи за популистички решенија, додека 506 ја оцениле економската програма на оваа партија како нереална, без можност во целост да се реализира. За економската програма на СДСМ, пак, 799 избрале дека нуди реални ветувања, програмата е само популистичка според 279 од анкетираните, а дека програмата е нереална и не може да се реализира во целост одговориле 1.586 испитаници. Анкетата се спроведуваше електронски на веб-страницата на Фактор.
Слично

Поврзани вести