Заврши амандманската расправа за ребалансот – СДСМ нема да гласа
Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја заврши амандманската расправа по предложениот ребаланс на Буџетот за 2013 година. Од поднесените амандмани на опозицијата, власта не прифати ниту еден. Амандмани на предложениот ребаланс поднесе пратеничката група на ДПА. СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс и дека нема да поднесе амадмани.
Со предложениот ребаланс се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Министерството за обрзование и наука. Според предлогот, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се додаваат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.
Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.
Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.
Слично
