Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заврши агонијата на ФЗЦ, доаѓаат добри денови за кумановската фабрика!

Заврши агонијата на ФЗЦ, доаѓаат добри денови за кумановската фабрика!
„Нашата одлука за влегување во сопственичката структура на ФЗЦ 11 Октомври се темели на долгорочни развојни планови. Првата задача ќе биде пуштање на редовно производство кое би обезбедило профит, за плати на вработените и постепено отплатување на долговите, дури потоа би размислувале за развој“, вели за Фактор првиот човек на Детоил, Тони Каранфиловски, компанијата што ја купи ФЗЦ Куманово. ФЗЦ, по неколкугодишна агонија со ова на голема врата се враќа на македонскиот пазар. Некогашниот гигант се очекува да зачекори на старите патеки, особено што ќе биде дел и од изградбата на гасоводот кон Клечовце, но само во делот на монтажата. Детоил5 купи 50,62% од акциите на ФЗЦ 11 Октомври на јавно надавање по цена од 550,00 денари за една акција со што има обврска да дадеме јавна понуда за сите други заинтересирани кои би сакале да ги продадат своите акции по постигнатата цена. Вработените претходно изјавија дека се надеваат дека со влегувањето на новиот газда ќе дојдат подобри денови за ФЗЦ.
Слично

Поврзани вести