Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршена истрагата за сообраќајната несреќа кај „Зебра“

Завршена истрагата за сообраќајната несреќа кај „Зебра“

Пред неполн месец страшна сообраќајна несреќа го потресе главниот град во која жртва беше новинарката Сузана Тодоровска Павловска.

Таа го загуби животот во 50-тата година од својот живот, кога кај Трговскиот центар „Зебра“ во неа удри автомобил  „Опел корса“ со скопски регистерски таблици кога возачот изгубил контрола и со голема брзина удрил во неа.

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска информираше декаистрагата за овој случај е завршена и за истиот е поднесен обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 вв чл.297 ст. 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението на Обвинителството стои дека, обвинетиот бил под дејство на алкохол  (1,52 промили во крвта и 2,42 промили во урина) и наркотични средства-канабис, а возилото го управувал со со брзина од 83 км/час при што загубил контрола и удрил во сега починатата.

Покрај,  обвинителниот акт, кон него е ставен и посебен предлог за да биде продолжена мерката - притвор.

Да се потсетиме ...

Вечерта на 7 јули новинарката во Македонското радио  Сузана Тодоровска Павловска го загуби животот кога возачот на автомобил „Опел корса“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и со голема брзина удрил во неа.

Незгодата се случи околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради, додека жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош.

Возилото било управувано од страна на 37-годишниот Б.Б од Скопје, а имало и сопатнича. И двајцата беа со телесни повреди.

Се поголем е бројот на ваквите незгоди на скопските улици. Станаа секојдневие пред очите на граѓаните. Апел до возачите да обратат поголемо внимание на брзината со која го управуваат возилото.

Слично

Поврзани вести