Економија, финансии, бизнис

Контакт

Завршен митинг на Јакимовски: Победата ќе ја прославиме во недела!

Завршен митинг на Јакимовски: Победата ќе ја прославиме во недела!
Стевчо Јакимовски, кандидатот за градоначалник на Карпош на завршниот митинг кој се одржа во Лептокарија потенцираше дека е уверен во сигурна победа во оваа општина и побара гласачите да го дадат својот глас за него. Јакимовски пред жителите на Карпош ги повтори проектите со кои ја бара нивната доверба, гасификација, бесплатни градинки и екскурзии, поддршка на талентирани спортисти, вработување на младите, изградба на пензионерски дом, помош на старите и сиромашните. „Понудивме проекти визии, доста е од критики, ова е вистинската опција, фатете се за работа како што ние се фативме, како што посветивме внимание на нашата општина. Во недела ќе ја прославиме победата“, изјави Јакимовски. За изминатите 17 дена од кампањата, тој рече дека се сретнал и разговарал со околу 12 000 граѓани, кои му ја ветиле поддршката и храбро ги истрпел ниските удари и критиките на неговиот противкандидат. В недела граѓаните ќе докажат дека знаат да ги почитуваат вистинските вредности, рече Јакимовски и ги повика да го заокружат бројот 8. “Нас не делат само уште три дена, за да можеме сериозно да се посветиме на нашите проекти и понатаму да ги работиме со ист интензитет како што досега сме ги работеле во изминативе четири години. Повеќе од очигледно е дека  локалната самоуправа  во наредните четири години,  ќе биде општина со сите реконструирани улици на своја територија“, додаде Јакимовски. Јакимовски на изборите доаѓа со речиси двојна предност пред против кандидатот Андреј Петров од СДСМ. Изминатите неколку дена минаа во силни обвинувања и контра обвинувања на поранешните сопартијци. Во првиот круг испадна кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Јагнула Куновска.
Слично

Поврзани вести