ЗАВРШЕН КОРИДОР 10: Од Ниш до Солун за три часа
Во текот на
наредните десет дена официјално ќе биде пуштен во употреба за сообраќај
Коридорот 10. Од Ниш до Солун граѓаните ќе стасуваат за три часа, изјави за
српска телевизија министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на
Србија, Зорана Михајловиќ.
„Јужната гранка од Коридорот 10 до Северна Македонија и Грција е завршена. Клисурата Грделица е целосно совладана, завршени се сите градежни активности. Горда сум на сите работници кои работеа на овој дел од 26,3 километри. По патот има 33 мостови, вклучувајќи го и највисокиот кој има 68 метри, а има и два подолги тунели за кои ќе ви треба 20-25 минути возење“, истакнала Михајловиќ.
По повод церемонијата на отворањето, министерката најави голема церемонија на која ќе бидат поканети сите партнери кои работеле на Коридорот, претставници на соседните земји кои се важни за Коридорот 10.
Министерката Михајловиќ, потсетила дека само преку Грделица се потрошени 260.000 тони асфалт во последните 4,5 години.
Во текот на летните работи ќе започнат работите на Моравскиот Коридор и Сремска Рача - Кузмин. Министерката, исто така, ги најави и почетокот на работите на автопатот Рума-Шабац и брзиот тек на патот Шабац-Лозница.
