Завојуваните Русија и Украина со помал економски раст од Македонија
Две земји имаат помал раст на економијата од Македонија.
Русија, Украина и Белорусија имаат помала стапка на раст на своите економии оваа година. Извештајот на Светска банка покажува дека македонската економија годинава ќе порасне за само 2,1 отсто што е најниско ниво во Европа.
„Засилената политичка несигурност и закочениот парламент, по резултатите од локалните избори и отстранување на пречките за отворање на пристапните преговори со ЕУ, во услови на криза со храна и енергија, може да доведе до одложување на спроведувањето на реформите потребни за поттикнување на потенцијалниот раст и консолидација на јавните финансии. Згора на тоа, намалената домашна и надворешна побарувачка, високи влезни трошоци и недостиг на ликвидност може да доведе до дополнителни отпуштања и зголемување сиромаштија, растегнување на веќе тесните јавни финансии. Конечно, заострувањето на финансиските услови може да влијае на опциите за финансирање и трошоците понатаму“, се вели во извештајот на Светска Банка.
Украина и Русија долги години ќе имаат последици по економијата поради војната. Во Украина се очекува стапката на сиромаштија да порасне над 20 отсто, а руската економија ќе има штети поради санкциите од Западот.
foto freepik.com/luis - molinero
Слично
