Завеани патишта, евакуирани села-поплавите предизвикаа проблеми во регионот
Проблеми во сообраќајот предизвикаа снегот и дождот што со денови паѓаат во регионот, а од големите количества вода загрозени се одделни објекти.
Водостоите на реките Плива и Јошавка се во пораст. Во текот на ноќта дојде до поплавување и на еден дел од викедн населбата Јања во Бјелина. Забележен е драматичен раст на нивото на реката Сава на подрачјето на општина Градишка, но се уште не е достигната точката за редовна одбрана од поплави.
Невремето што во Црна Гора предизвика поплави во Подгорица, Даниловград и Никшиќ, утринава е стабилизирано.
Во Даниловград во текот на ноќта водата навлегла во неколку куќи. Видоје Павичевиќ од штабот за елементарни непогоди за радиото „Антена М„ изјави дека од синоќа во 22 часот мирува нивото на реките, но дека водата навлегла во неколку куќи. Жителите се навремено евакуирани. Водата од чешмите е малку заматена и граѓаните се информирани дека мора задолжително да ја провријат.
Врз основа на моменталните податоци за водостоите, се забележува дека водостоите во реките Морача и Зета се во опаѓање, додека водостојот на Скадарското езеро, како и реката Бојана, е во пораст и е во домен на големите водостои, рече за порталот Аналитико, Новак Дармановиќ, од службата за мерење на Хидрометеоролошкиот завод на Црна Гора.
Поради лошите временски прилики забранет е сообраќајот за сите категории возила на патот Рожаје-Кула, соопшти Авто-мото сојузот на Црна Гора. На останатите патишта има одрони.
Циклонот што со денови дуваше во Далмација и донесе топло и многу врнежливо време, а од средата веќе прерасна во бура и предизвика драматичен пад на температурата.
Во БиХ се очекува снегот денеска да престане да врне. Минималните температури се од минус 10 до нула, а максималната од минус шест на планините до шест степени на југот на земјата.
Слично
