Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заваровалница Триглав ќе дели дивиденда

Заваровалница Триглав ќе дели дивиденда

Заваровалница Триглав ќе распредели дел од нето добивката како дивиденда. Надзорниот одбор го прифати предлогот за распределување на нето добивката во износ од 98,205,999.33 евра заклучно со 31 декември минатата година.

Дел од нето добивката во износ од 22,735,148.00 евра да се употреби за исплата на дивиденди, а начинот како останатиот дел во висина од 75,470,851.33 евра ќе се користи, ќе биде договорен следните неколку години.

Дивидендата во висина од 1 евро бруто по акција ќе им се исплаќа на оние акционери кои ќе бидат впишани во книгата на акционери два дена по седницата на Собрание на акционери. Таа ќе се исплаќа во рок од 30 дена по усвојувањето на одлуката за користење на нето добивката.

Надзорниот одбор ја прифати и одлуката на Собранието на акционери да се предложи ревизорската куќа „Ernst&Young“ Ревизија, за ревизор на Заваровалница Триглав во 2013 година.

Слично

Поврзани вести