Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворски казни за албанските имами кои регрутирале борци за ИД

Затворски казни за албанските имами кои регрутирале борци за ИД

Албанското обвинителство за тешки кривични дела денеска во Тирана, побара 152 години затвор за девет имами кои регрутирале борци за Сирија и Ирак.

По дваесет години затвор, Обвинителството побара за Генц Бала, Герт Паша и Бујар Хиса, за Зеќир Имери 17 години, додека за останатите петмина по 15 години затвор. Овие имами се гонат за регрутирање лица за извршување терористички акти или финансирање тероризам, обука за вршење терористички активности и поттикнување омраза.

Обвинителството, според тиранската телевизија Топ чанел, поседува доволно докази дека обвинетите, во 2013 година убедувале, регрутирале и испраќале генерално помлади лица да се борат на страната на џихадистите.

Тие се уапсени во март 2014 година и се наоѓаат во притвор во најобезбедуваниот затвор во Тирана. Досега тие многу не зборуваа тјуку само повторуваа дека не го признаваат овој туку судот на Алах.

Слично

Поврзани вести