Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворот Идризово немал комбе да го однесе Вранишковски до суд

Затворот Идризово немал комбе да го однесе Вранишковски до суд
Во затворот Идризово немало комбе што може да го однесе Јован Вранишковски на денешното рочиште во Апелациониот суд за процесот „Расколник“ што се води против него. За ова затворот денеска писмено го известил судот. Според директорот на Идризово Живко Пејковски, причините заради кои Вранишковски не се појавил во судот денеска се „технички“. „На располагање во затворот во моментов имаме само три комбиња, од кои две се на поправка, а со едното се носеа осуденици до Клиничкиот центар во Скопје“, вели Пејковски, кој додава дека на следното рочиште ќе ја испочитуваат наредбата за спровод. Апелациониот суд ја одложи расправата за овој случај за 18 јули. Во процесот Вранишковски е осуден на 2,5-годишна затворска казна за проневера на 250 илјади евра црковни пари. Осудени се и повеќе негови роднини и следбеници. Аплеација треба да одлучи дали ќе ги потврди пресудите или ќе го врати предметот на повторно судење. Рочиштето пред Апелациониот суд се одложува по вторпат од истата причина - неможност да се спроведе Вранишковски од Идризово до судот.
Слично

Поврзани вести