Затворениците штрајкуваат, семејствата протестираат за нивна слобода
Роднините на стотина затвореници денеска излегоа на протест пред Собранието и бараа да се организира референдум за измена на Законот на амнестија.
Тие бараат да се ослободат сите осуденици кои одлежале една третина од затворската казна. Како причина на нивното барање ги потенцираат нечовечките услови во затворите како хигиената, исхраната, пренатрупаноста и тортурата врз затворениците.
Од здружението за поддршка на затворениците рекоа дека доколку за 24 часа владата не изгласа позитивно и не дозволи да се распише референдум, тие ќе го радикализираат нивниот протест и ќе почнат да блокираат улици.
Во меѓувреме тие ги повикаа затворениците, кои веќе петти ден штрајкуваат со глад да го прекинат штрајкот. Tие гладуваа за да го свртат вниманието на јавноста за условите во затворите кои ги споредуваат со логор.
