Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворениците се жалат од условите и лошата храна

Затворениците се жалат од условите и лошата храна

Веќе втор ден штрајкуваат со глад затворениците од  затворот во Идризово. Тие се жалат на преполните капацитети, лошата храна и условите за живот кои ги споредуваат со логори.

Тие велат дека се соочуваат со притисоци од раководството за да го прекинат штрајкот.

Инаку, надлежните во затворот информираат дека капацитетот е за 800 затвореници, а моментално се сместени близу 2 000.

За лошите услови во затворите Македонија често е критукувана од меѓународната заедница.

Во последните извештаи на ОН и ОБСЕ се потенцира дека во македонските затвори не се запазени ниту основните хигиенски услови, медицинската заштита, а забележани се и случаи на тортура брз затворениците од персоналот.

Слично

Поврзани вести