Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворениците и нивните блиски на 5 мај ќе протестираат

Затворениците и нивните блиски на 5 мај ќе протестираат

Затворениците од повеќе затвори во земјава, нивните роднини, пријатели и поранешни вработени во затворите за 5 мај најавуваат протест.

На овој чекор се одлучија откако претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов го одби барањето на околу 2 000 затвореници, да ја намали нивата казна. Тие побараа намалување на казните, но од Иванов добиле само одговор на писмо од жените – затворенички, во кои претседателот им препорачува да испратат поединечна молба и да бараат помилување. Затворениците се револтирани затоа што Иванов помилува 56 политичари и нивни соработници. Затворениците ќе протестираат во затворскиот двор, а нивните блиски пред затворот.

Слично

Поврзани вести