Затвореник со силно обезбедување донесен на распит кај Катица Јанева
Осуденик, чиј идентитет е непознат, попладнево со посебно полициско возило, придружувано од полициски екипи и неколу џипови, бил донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство.
Портпаролката на СЈО Ленче Ристовска потврди за „Мета” дека лице кое во моментов е на идржување на затворска казна денеска било на сведочење.
„ Не станува збор за ништо страшно. Денеска на распит во Специјалното јавно обвинителство беше донесено лице кое во моментво е на издржување на затворска казна, кое беше спроведено на стандарден начин со полициска придружба “-изјави Ристовска.
Доцна попладнево на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, пред зградата каде се сместени канцелариите на Катица Јанева, биле паркирани и неколку полициски возила.
