Затвореници се повредени откако изби пожар во затвор во Турција
Tурски затвореници се повредени во пожар.
Во затворот во Истанбул изби пожар, а најмалку 11 затвореници се хоспитализирани поради вдишување чад, јави Анадолија. Засега не е позната причината за пожарот во затворот Умранија, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул. Затворот има капацитет да прими 1.000 затвореници, објави АП. Во гаснењето на пожарот се вклучени неколку противпожарни возила, додека телевизијата ХаберТурк јавува дека ниту еден затвореник не е во тешка здравствена состојба.
Слично
