Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвореници прават чевли за германски пазар

Затвореници прават чевли за германски пазар

Триесетина затвореници од затворот во Бања Лука прават чевли за германскиот пазар.

Фирма за производство на чевли има отворено погон во затворот, каде се работи во две смени. 

Затворениците изработуваат горни делови од чевли, и на тој начин го исполнуваат времето и заработуваат пари. 

Од компанијата „Беме“ велат дека со работата делумно е подобрена состојбата на затворениците. 

Додаваат дека наместо за триесет, работа во иднина ќе има за педесет работници и работата ќе биде во текот на целата година. 

Претходно работниците имаа обука од 15 дена, а производството почна на 1 септември. 

Заработката е по учинок, така што еден затвореник месечно добива околу 150 КМ: 

Од затворот велат дека ако пилот - проектот биде успешен, ќе има зголемен обем на работа и вклучување на повеќе затвореници. 




Слично

Поврзани вести