Затвореници ќе добијат уверенија за завршени стручни обуки
Во Затвор Куманово на осудените лица денеска ќе им бидат доделени уверенија за завршени стручни обуки за занимањата пекар и изработувач на браварски производи, соопштија од Управата за извршување на санкции.
Обуките траеја три месеци. На настанот ќе присуствуваат и официјални претставници од Управата за извршување на санкциите, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Министерство за образование и наука, средните училишта-провајдери на обуките „Наце Буѓони“ и „Киро Бурназ“, како и осудените лица кои успешно ги завршија стручните обуки.
Слично
