Затворени метрото, трамвајот и железницата во Атина
Метрото, трамвајскиот сообраќај и електричната железница во Атина денеска нема да работат поради 24-часовниот штрајк на вработените во јавниот транспорт, јавија грчките медиуми.
Вработените во јавниот транспорт во Грција одлучија да излезат на протести поради новиот предлог закон кој беше изгласан вчера во грчкиот Парламент. Со него се предвидува приватизација на државните претпријатија од услужниот сектор.
Како што соопштија вработените, тие не веруваат дека со ваквата приватизација ќе се запре рецесијата во земјата, па затоа се одлучиле на штрајк.
Слично
