Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворени 15 златари во Охрид и Струга

Затворени 15 златари во Охрид и Струга

Петнаесет златари и една бетонска база во Охрид и Струга се контролирани во вчерашната заедничка акција на полициски службеници, инспектори од УЈП и Републичкиот пазарен инспекторат, информираат од МВР.

Притоа констатирани се низа прекршоци по законот за регистрирање на готовински плаќања, законот за платен промет и законот за трговија. Седум златари во Охрид и осум златари во Струга како и една бетонска база во Охрид се затворени од страна на Управа за јавни приходи. Поради неиздавање на фискални сметки на правните субјекти изречени им се парични казни од 3.250 евра и 15 дена затворање на деловниот субјект. На бетонската база во Охрид изречена е парична глоба од 3.250 евра  односно 2.500 евра за правниот субјект и 750 евра за одговорното лице. Во акцијата, пазарниот инспекторат од неколку златари во Струга одзеде  околу четири  килограми злато а во Охрид  златен накит од околу 500 грама.
Слично

Поврзани вести