Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворен Светскиот туристички маркет во Лондон, Македонија повторно без штанд

Затворен Светскиот туристички маркет во Лондон, Македонија повторно без штанд
Синоќа во Лондон синоќа беше затворен годинешниот Светски туристички маркет, најголемата глобална саемско-берзанска манифестација во туризмот, каде што со свои штандови се претставија земјите од сите континенти и најголемите туристички компании од Велика Британија и од светот. На саемот беа презентирани туристички можности, природните убавини, традициите, но и кулинарските специјалитети,  со што учесниците се обидоа да ги убедат бројните тур-оператори да се насочат кон нивните пазари. Лондонскиот туристички маркет стана познат по тоа што на него се претставуваат и држави кои немаат традиција во туризмот, или кои поради вантрешната политичка нестабилност, се уште не може да бидат туристичка дестинација, како што е Либија на пример. Македонија и оваа година немаше свој штанд, но саемот го посети делегација на Агенцијата за туризам, што ја предводеше директорот Јордан Трајков, кој имаше средби и разговори околу туристичкиот потенцијал и понудата на земјава.
Слично

Поврзани вести