Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворен симболот на луксузот на Дубаи

Затворен симболот на луксузот на Дубаи

Еден од најпознатите хотели во светот, Бурџ ал Араб, ќе биде затворен поради обемна реконструкција која ќе трае околу 18 месеци, потврдија извори од хотелот.

Станува збор за прва голема обнова откако хотелот беше отворен во 1999 година. Работите ќе се изведуваат во фази, а проектот ќе го води познатиот париски дизајнер на ентериери Тристан Оер. Засега не е прецизирано дали објектот ќе биде целосно затворен во текот на реконструкцијата.

Според информациите, гостите кои имаат резервации за периодот на изведување на работите ќе добијат алтернативно сместување во други хотели во близина. Од хотелот посочуваат дека временската рамка може да претрпи измени.

Хотелот, препознатлив по својот изглед во форма на едро и симбол на Дубаи, неодамна претрпе оштетувања на фасадата откако делови од пресретнат дрон паднаа во негова близина. Сепак, од хотелскиот синџир Џумеира груп нагласуваат дека реконструкцијата не е поврзана со тој инцидент.

Иако официјално не се поврзува со актуелните геополитички случувања, реконструкцијата доаѓа во период кога туризмот во регионот се соочува со предизвици поради намалената побарувачка и нарушувањата во воздушниот сообраќај.

Телеграф.рс

Слично

Поврзани вести