Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затворање на балканската рута е само шпекулација

Затворање на балканската рута е само шпекулација

Извештајот дека на самитот на ЕУ и Турција во Брисел би можело да биде прогласено затворање на балканската бегалска рута е само шпекулација, се додека разговорите уште траат.

Тоа го изјавила потртпаролката на германската канцеларка Ангела Меркел Кристијана Вирц.

„Воочив новинарски извештаи во кои се шпекулира дека балканската рута би можела да биде затворена, но сакам да кажам дека тоа во овој момент е само шпекулација“, рекла Вирц, пренесуваат агенциите.

Таа додала: „Преговорите и разговорите се во тек и мораме да почекаме“.

Медиумите вчера објавија дека лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе настојуваат да „ја запечатат балканската мигрантска рута“, зголемувајќи ја помошта за Грција и да го убедат грчкиот премиер да го забави приливот на бегалци и да ги прифати оние кои не ги исполнуваат условите за добивање на азил.

Во нацрт соопштението во кое имала увид агенцијата АП се наведува дека лидерите на ЕУ ќе наведат дека „на нерегулираниот прилив на мигранти долж западнобалканската рута му се ближи крајот-таа рута сега е затворена“.

И австрискиот весник Стандард објави дека во Брисел се планираат драматични промени во целта на решавање на мигрантската криза, меѓу кои е и затворањето на балксанските граници за бегалците.

Слично

Поврзани вести