Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затруените прилепчани и денеска на Интензивна нега

Затруените прилепчани и денеска на Интензивна нега

Двајцата прилепчани,  таткото и синот кои што се затруја со печурки и денеска се на одделот на интензивна нега на Клиниката за Токсикологија.

Нивната состојба е подобрена од вчера, но се уште се критични информира сајтот zdravstvo24.mk.

Инаку тие завчера со возило на Брза Помош биле донесени на Токсикологија. Јаделе печурки од видот аманита кои ги набрале таткото и синот а сопругата ги зготвила. Мислеле дека за ручек имаат вргањ и јајчарки, но како што велат токсиколозите јајчарките се многу слични со отровните аманита. Проблелот дополнително бил влошен со тоа што и двајцата помош побарале дури 36 часа по јадењењто на печурките. Според експертите тоа е многу долг период и отровот веќе е врзан со протеините што го отежнува процесот на лекување, пишува zdravstvo24.mk.

Вчера осум часа биле на дијализа за прочистување на крвта. Со апел токсиколозите предупредуваат до сите оние кои не ги познаваат печурките да не експериментираат и да ги спремаат за јадење, бидејќи се опасни по живот.

 (Извор: здравство24.мк)  
Слично

Поврзани вести