ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ: Во Солун осамна плакат со натпис на македонски јазик
Во грчкиот град Солун на продавница осамна плакат на кој меѓу другото има и натпис на литературен македонски јазик, што досега не било пракса кај јужниот сосед кој долги години не ја признава Република Македонија под уставното име.
На плакатот за ослободување од даноци пораката е напишана на кинески, српски, турски, руски, арапски и македонски јазик.
Во меѓувреме двете земји работат на мерките на градење доверба, а средби на највисоко ниво имаше во изминатиот период.
Фотографијата е од продавницата Атика во Солун.
Слично
