Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Затоа што сметаат дека нема потреба да носат одлуки во интерес на 540 илјади работници“: Трендафилов вели никој не треба да седи дома

„Затоа што сметаат дека нема потреба да носат одлуки во интерес на 540 илјади работници“: Трендафилов вели никој не треба да седи дома

Сестри и браќа работнички и работници, денес ја бараме поддршката на секој еден работник, секој еден кој смета дека не треба да седи дома удобно во неговата фотелја на топло.

Бараме да ни се придружи секој еден работник на 28 јануари во 17 часот затоа што седејќи дома дава поддршка на политиката на ниски плати, на мизерни примања и на тежок работнички живот.

Ова го напиша на својот фејсбук профил лидерот на Сојзот на Синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов по најавата за протест кој го организираат откако пропаднаа обидите за договарање повисока минимална плата.
- Затоа што другите сметаат дека на таков начин вие ги поддржувате нив, затоа што другите сметаат дека вас не ви треба зголемување на вашата плата, затоа што другите сметаат дека нема потреба да носат одлуки во интерес на 540 илјади работници наспроти 1.080 функционери избрани и именувани.

Време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките права, време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките платите, време е работниците да сфатат дека се сами оставени и дека еден работник не може да промени многу, но заедно можеме да промениме се - нагласува Трендафилов споделувајќи и видео од неговото обраќање. 

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести