Економија, финансии, бизнис

Контакт

Застрашувачки прогнози на инвеститорот кој го предвиде Брегзитот - Еврото пропаѓа!

Застрашувачки прогнози на инвеститорот кој го предвиде Брегзитот -  Еврото пропаѓа!

Џим Мелон, претседавачот на Бурнбре Групација, кој беше еден од ретките инвеститори кој предвиде дека Британија ќе изгласа излез од ЕУ на референдум, сега предвидува дека еврото како валута е осудено на пропаст, како и колабирање на еврозоната.

„Брегзит ќе биде споредно шоу за вистинските проблеми на Европа кои стануваа се повеќе евидентни. Еврото како што сега е поставено е навистина несоодветен механизам и му давам уште пет години живот“ посочи Мелон. 

Тој тврди дека бил меѓу ретките инвеститори кој имал профит по гласањето на „Брегзит“ и неговите вложувања во соодветни акции вратиле дури 25% од инвестицијата. Мелон погоди и дека фунтата ќе падне во однос на доларот со вредност од 1.32 поени што подоцна испадна дека е и оптимистичка прогноза. 

Сега, вели дека не е добро веднаш да се менуваат евра, бидејќи пазарот наскоро ќе се опорави но, само на краток рок, за по една година да падне многу во однос на вредноста на доларот, слично како и со фунтата.


Слично

Поврзани вести