Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Јавното претпријатие за државни патишта објави дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и Инспекторатот за транспорт и сообраќај изминатиов период биле организирани 13 контролни акции против неплаќање на патарини.

„Имено, инспекторите за транспорт со асистенција од МВР спроведоа контроли на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица при што беа изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање на патна такса. 

Напоменуваме дека и во периодот што следи ќе продолжиме со зајакнати контроли на наплатните станици на Коридорите 8 и 10“, објави „Државни патишта“.

Воедно, ЈПДП побара поголема ангажираност и од страна на стручните служби, поточно од контролорите во Контролниот центар, за преземање на поактивни мерки за намалување на бројот на возила кои избегнуваат плаќање на патарина, како и процесирање на избегнувањето плаќање преку соодветно фактурирање и достава на фактури за ненаплатена патарина до корисниците на автопатски услуги кои не плаќаат патарина.


Слично

Поврзани вести