Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засилен прилив на бегалци во Унгарија и Србија, тензии на границата

Засилен прилив на бегалци во Унгарија и Србија, тензии на границата

Се интензивираше приливот во Унгарија, каде што во четврток влегле 8104 мигранти по рекордните 10046 лица во средата. Овие бегалци пристигнуваат претежно од Хрватска, откако Будимпешта ја затвори границата со Србија на 15-ти септември.

Од Загреб изјавиле дека во четвртокот се преброени 8500 новодојденци, што значи дека од 15 септември бројот на мигранти кои поминале низ Хрватска достигна бројка од 55000 лица.

На границата помеѓу Македонија и Грција, каде што на ден поминуваат помеѓу 3 и 4 илјади мигранти кои патуваат кон Србија, исто така е напнато. Во исто време, според српскиот Црвен крст приливот во земјата од Бугарија исто така се интензивирал, иако ова е помалку користена рута.

Ситуацијата на патот на српско-хрватската граница останува напната поради ограничувањата за движењето на српски автомобили кое беше воведено од Загреб во знак на протест против активностите со кои Белград им го олеснува транзитот на бегалците кон Хрватска.

Унгарија и Австрија исто така имаат сличен спор, за чие решавање денеска во Виена ќе се сретнат лидерите на двете страни - Виктор Орбан и Вернер Фејман.

Слично

Поврзани вести