Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСИЛЕН МОНИТОРИНГ НА УЈП ШИРУМ ДРЖАВАТА: Клуч на врата и на слаткарницата Палма во Аеродром

ЗАСИЛЕН МОНИТОРИНГ НА УЈП ШИРУМ ДРЖАВАТА: Клуч на врата и на слаткарницата Палма во Аеродром

Откако Управата за Јавни приходи пред неколку денови ги затвори вратите на Тренд во скопски Аеродром, клуч на врата доби и слаткарницата Палма.

Како што информираше директорката на УЈП во дневникот на ТВ 24 причината за затворање на објектот е неиздавањето на фискални сметки што претставува прекршување на законот. 

Лукаревска информираше дека засилен мониторинг ја тресе цела држава и дека се затворени и други познати угостителски објекти.

Директорката на УЈП ги демантираше тврдењата дека е затворен и  „Дежаву“ образложувајќи дека овој угостителски објект бил посетен од страна на финансиската полиција и УЈП .

Во однос на пишувањата на одредени медиуми дека позади овој чекор стојат политички причини директорката негираше и рече дека шеќерчињата со логото на општината не се причината за затоворањето на угостителските објекти.

Слично

Поврзани вести