Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Заштедил“ 7.000 евра: Министер преку врски купувал евтини авиобилети!

„Заштедил“ 7.000 евра: Министер преку врски купувал евтини авиобилети!
Словенечкиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант се најде во средиштето на скандал откако еден весник ги објавил неговите електронски пораки со кои за себе и за своето семејство барал поевтини авиобилети, недостапни за обичните граѓани. Вирант во периодот од 2010 и 2о11 година, додека бил министер за јавна управа во поранешната словенечка Влада, на својот некогашен школски колега инаку комерцијален директор на авиокомпанијата „Адриа Ервејс“ ју ги испраќал рутите на кои имал намера да патува тој, неговата сопруга или децата и барал од него да му обезбеди поевтини авионски карти. Ги купувал по цена која била резервирана само за вработените во авиокомпанијата, со што „заштедил“ околу 7.000 евра, пишуваат словенечките медиуми. Аферата дополнително му наштети на угледот на Вирант, со оглед на тоа што антикорупциските власти во Словенија веќе го испитуваа министерот за овој случај, а тој притоа тврдеше дека картите преку нејзини врски ги набавила неговата сопруга.
Слично

Поврзани вести