Засега од притвор „куртули“ и уште едно лице осомничено во „Титаник“
Како што соопштија премалку од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот суд одлучил да нема притвор и за Исмет Гури кој е дел од осомничените во акцијата „Титаник“.
Од судот велат дека по сослушување на лицето И.Г. во присуство на полномошник судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донел одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.
„Лицето против кое е определен мерката како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа“; соопштија од судот.
Имено, Гури бил член на Општинската изборна комисија на изборите во 2013 во општина Чаир и како другите осомничени се товари за изборни нерегуларности.
