Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСЕГА БЕЗ ПРОМЕНИ: Турција останува кандидат за членство во ЕУ

ЗАСЕГА БЕЗ ПРОМЕНИ: Турција останува кандидат за членство во ЕУ

Турција го задржува статусот на земја кандидат-членка во ЕУ, објавија денеска од Европската комисија. Реакцијата доаѓа откако претходно Австрија повика за прекин на преговорите за пристапување поради “недоволната демократија во државата по неуспешниот обид за државен удар“.

Австрискиот канцелар Кристијан Керн вчера изјави дека Турција веќе не е кандидат за членство во ЕУ и „треба да се прифати реалноста дека преговорите со Анкара во моментов се само дипломатска фантастика“. Во исто време министерот за одбрана на Австрија Ханс-Петер Доскоцил побара прекин на преговорите за членство.

Од своја страна, портпаролката на ЕК Мина Андреев вели дека нема промени во статусот на Турција како земја-членка, додавајќи дека земјата треба да се придржува кон европските вредности.

„Напредокот во преговорите за членство се определува од повеќе услови, меѓу кои почитување на владеењето на правото, човековите права и основните слободи„, рече Андреев.

По обидот за државен удар во Турција близу 26 000 луѓе во Турција се уапсени, а други десетици илјади добија отказ од работа. Земјата е кандидат за членство во ЕУ од 1991 година.

Слично

Поврзани вести